Дома

!!!COVID 19 INFO!!!
Важно известување!!! Во ординацијата ќе се примаат само закажани пациенти на кои не можеме да им помогнеме по телефон. Предност ќе имаат новороденчиња кои немаат направен прв ортопедски преглед. ПЗУ ОРТО ПЛУС ПЕД има две амбуланти со посебен влез. Поради превенција од ширење на вирусот COVID -19 ќе прегледуваме два пациенти дневно, по еден во секоја амбуланта. После извршените прегледи амбулантата ќе се дезинфицира и стерилизира со UV ламба за да биде спремна за утрешните прегледи. Во првата амбуланта ќе се влегува преку главниот влез, а во втората амбуланта ќе се влегува преку споредниот влез. Во амбулантата со дете ќе може да присуствува само еден родител, кој треба да има маска, а на влезот ке има средство за дезинфекција на рацете. ПРАВИЛА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ ВО ОРДИНАЦИЈАТА: - При влез во ординацијата задолжително дезинфицирајте ги рацете! - Почекајте да ве пуштат во амбулантата, не пробувајте да влезете сами. (не допирајте кваки) - НЕ допирајте површини во ординацијата непотребно! - Нашата ординација ги спроведува сите мерки за спречување на ширење на инфективни заболувања вклучително и актуелниот COVID-19! Пациенти со настинка, зголемена телесна температура, забрзано и скратено дишење, како и пациенти кои биле во контакт co болни од COVID-19, или кои патувале надвор од земјата до пред 20 денa ДА НЕ ДОАЃААТ во ординација туку да не контактираат телефонски за договор.

Important Notification !!! Only scheduled patients whose problems cannot be addressed by telephone will be admitted to the office. Newborns who do not have a first orthopedic examination done, will have the advantage. To prevent the spread of the COVID-19 virus, we will examine only two patients daily, one in each ambulance room. After examination the ambulance will be disinfected and sterilized with a UV lamp to be ready for tomorrow's examinations. The first patient scheduled earlier shall enter the first ambulance room through the main entrance, and the second patient, scheduled later, will enter the second ambulance room through the secondary entrance. Only one parent/person can be present at a time wearing a protective mask while a disinfectant will be provided at the entrance. RULES OF CONDUCT IN THE OFFICE: - When entering the office, be sure to disinfect your hands! - Wait for you to be summoned into the office, don't try to enter on your own. (don't touch the handles) - DO NOT touch surfaces in the office unnecessarily! - Our office is implementing all measures to prevent the spread of infectious diseases including the current COVID-19! Patients with colds, elevated body temperature, accelerated and shortened breathing, as well as patients who have been in contact with COVID-19 patients or who traveled abroad up to 20 days prior to coming to the office SHOULD NOT COME TO THE OFFICE, and shall be contacted by telephone for scheduling an additional appointment.

Амбуланта за деца


Кај нас можете да направите  преглед за :
  • Сертифициран ехосонографски преглед на колковите по методот на Prof. h.c. D-r Reihhard Graf, (Види сертификат) 
  • Рамни Стопала,
  •  Вртење на стопалата према внатре при одење, 
  • Накривување,
  • Асиметрија на рбетот и држење на телото,
  • Сколиоза , Кифоза , потонат или испакнат оток на градите,
  • Разлика во должината на нозете,
  • Оток,
  • Болка при одење и спорт,
  • Деформитети,
  • Вродени аномалии ,
  • невромускулни заболувања,
  • специјални консултации за деца со Церебрална парализа
Амбуланта за возрасни


Кај нас можете да направите  преглед за :
  • Болки во мускулите,
  • Зглобовите и коските при одење во текот на ноќта или во мирување,
  • Болни мускулни јазли,
  • Повреди и болки во спортот,
  • Оток на меките делови на телото,
  • Нарушена сензација,
  • Деформација,
  • Накривување,
  • Ограничена подвижност и болки во  зглобовите,
  • Ишијас и лумбаго (болки во грбот),
  • Остеопороза,
  • Болки во  вратот и трнење во рацете Фибромијалгија,
  • Третман после фрактури и повреди,
  • Консултации за конзервативна терапија, физикална терапија,
  • Консултација за правилно спортување, 
  • Консултации во врска со употребата и поставување на ортопедски ортози(помагала).

Амбуланта за спортисти


Кај нас можете да направите  преглед за :
  • Спортски повреди
  • Совети за правилно тренирање